Изабел Дејл отсекогаш имала свој „тип“ мажи – тетовирани, „лоши момци“.А со оглед на нејзиниот изглед, кој вклучува пирсинг на носот, вештачки трепки, маникирани нокти и платинесто руса коса, никогаш не ѝ недостасувале додворувачи.
Во реалниот живот, тоа можеби и не би бил проблем. Но во затвор со 420 осуденици, од кои сите се мажи, бил рецепт за катастрофа. И токму тоа се случи.
Во 2021 година, Дејл започнала да работи како чуварка во затворот „HMP Koldingli“ во Сари, Англија, на 19-годишна возраст. Пред тоа, работела како продавачка во „Marks & Spencer“. По само неколку месеци во затворот, почнала да има сексуални односи со двајца затвореници – а можно е и со други, известува „Daily Mail“.

Еден од нив бил Конор Мани (28), кој бил осуден за бегство од полицијата со брзина од 225 км/ч, излетување од патот и оставање на сопатникот да умре. Другиот бил Шахид Шариф, осуден на 12 години затвор за вооружена кражба на продавница за накит, при што им се заканувал на минувачите со амонијак.
Prison officer Isabelle Dale who had affairs with convicts and smuggled drugs for them is warned she faces years in jail https://t.co/hOHziXKr0b pic.twitter.com/lZYPbddwsh
— CourtNewsUK (@CourtNewsUK) November 13, 2025
Иако знаела дека врските со затворениците се строго забранети, таа брзо влегла во односи со двајцата. Камерата ја фатила еднаш како излегува од просторијата за молитва на повеќе вероисповести и си ја средува облеката, откако поминала четири минути сама со Шариф.
Подоцна тој ѝ пратил порака: „Беше убаво да ја делиме таа љубов...“
Таа исто така шверцувала дрога.
По тоа, Дејл целосно се занела – пишувала љубовни писма, фалејќи ги „рап вештините“ на Шариф и тврдејќи дека „би примила куршум за него“. Чувала рамка со нивна заедничка фотографија во својата соба, добила прстен, а на негово инсистирање и го зголемила задникот со третман популарно наречен „бразилско подигнување на задникот“.
Кога Шариф бил префрлен во друг затвор, таа го посетувала, му праќала пораки и пари. Била убедена дека ќе ја запроси. Но сè било откриено кога во неговата ќелија бил пронајден мобилен телефон полн со нивни пораки.

Покрај недозволената врска, истрагата открила и план за шверц на дрога во затворот. Планот бил Дејл да натопи коверти со течност што содржи дрога, потоа да ги исуши и да ги испрати на затвореникот.
Истражителите исто така пронашле докази дека таа го водела снепчет профилот на Шариф преку кој бил организиран шверцот на дрогата. Требало да ја земе дрогата од Лили Салис, неговата колешка од Брајтон.
По осумдневен судски процес на Крунскиот суд во Саутерк, Дејл, која сега има 23 години, била прогласена за виновна за повеќе дела: две точки обвинение за злоупотреба на положба и заговор за внесување забранети предмети во затвор.
Таа била пуштена под кауција до изрекувањето на пресудата, закажана за јануари. Судијата јасно ставил до знаење: „Не гледам друга алтернатива освен затворска казна.“ Салис исто така била прогласена за виновна, додека Шариф претходно ја признал својата вмешаност. Нејзините поранешни колеги тврделе дека Дејл едноставно не била подготвена за оваа работа.
На крајот, таа била уапсена:
„Не беше доволно зрела ниту доволно сериозна. Многу е несигурна, а затворениците тоа веднаш го препознаваат. Бараат услуга по услуга – и одеднаш си внатре“, коментирале тие за „Daily Mail“.

Друг чувар кој ја познавал рекол: „Изи беше фина, но нејзиниот изглед и однесување се истакнуваа од другите. Имаше знаци, но никој не очекува дека некој ќе заврши во врска со затвореник и ќе шверцува дрога.“
Дејл на крајот била уапсена на 1 ноември 2022 година. Кај неа била пронајдена опрема за криење шверцувани предмети и прстен за кој тврдела дека е веренички и дека го добила од Шариф. Во неговата ќелија биле пронајдени љубовни писма со пораки како: „Ја сакам земјата по која газиш... Ќе бидам тука за тебе низ сè, добро или лошо...“, „Еден ден ќе те видам кога ќе излезеш од затвор – и ќе влеземе во тој Ламборџини за кој зборуваш.“

Истражувањето на телефоните открило уште полоши работи: постоел уште еден затвореник со прекар „Кон“, со кого имала физички однос од мај 2022 година, а исто така испраќала пораки и на уште четворица затвореници.
„Јас сум слаба личност“

На судот, Дејл тврдела дека немала сексуални односи со никого и дека не знаела дека мобилните телефони се нелегални во затворот. Кога ја прашале зошто не пријавила ништо, одговорила: „Јас сум слаба личност. Не би се осмелила да им се спротивставам.“ Меѓутоа, изгледа дека поротата не била убедена со овој одговор…












