ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Трајановски за потпретседател го потврдува влијанието на Заев, Филипче го зацврстува кругот на Заев во СДС наместо да го реформира

Макфакс

15/11/2025

09:41

137

Големина на фонт

а а а

Филипче продолжува да биде спотер на Заев и да се потпира на кадри кои се сметаат како дел од политичкиот круг на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче кадровските решенија во СДС ги носи под значително влијание на Заев. Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви. Изборот на Александар Трајановски за потпретседател на партијата е токму тоа, Трајановски е човек од шинелот на Заев.

Александар Трајановски е истиот тој кој летото заедно со Заев и Филипче се луксузираа на скапи јахти во Грција додека Заев ги бираше кандидатите за градоначалници. Трајановски и покрај тоа што ги изгуби изборите во Аеродром е поставен за потпретседател бидејќи е избор на Заев за да може слободно да течат бизнисите и да продолжи контролата на СДС во сенка.

Овој потег на Филипче само ја зацврстува перцепцијата дека кадровските одлуки во СДС сè уште се диктираат од Заев. Заев сè уште ја контролира внатрешната структура на партијата.

На Македонија и е неопходна конструктивна опозиција. Неопходно е дистанцирање на старите структури на моќ, превземање одговорност и реформи“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ