[ВИДЕО] Автомобил удри во група луѓе: има повредени во Белград

Макфакс

14/11/2025

13:39

318

Големина на фонт

а а а

Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.

Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.

Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.

„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм профилот на 192.rs.