[ВИДЕО] Трамп до американска новинарка: Дали си глупава?

Макфакс

28/11/2025

20:46

504

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп нарече американска новинарка глупава кога таа му постави прашање за безбедносните проверки на авганистанските бегалци на прес-конференција, јавуваат американските медиуми.

„Дали си глупав човек?“, праша Трамп за време на говорот од својата резиденција Мар а Лаго на Флорида, објавува „Њујорк пост“.

Инцидентот се случил кога една новинарка го прашала американскиот претседател зошто го обвинува својот претходник Џозеф Бајден иако токму членови на администрацијата на Трамп тврделе дека Авганистанците што емигрирале во Соединетите Американски Држави биле темелно проверени, вклучувајќи го и Авганистанецот Рахманула Лаканвал, осомничен за пукање врз двајца припадници на Националната гарда во средата.

„Затоа што ги пуштија внатре. Тие бегалци пристигнаа со илјадници други луѓе, кои не треба да бидат тука, а вие поставувате такви прашања само затоа што сте глупав човек“, ѝ се обрати Трамп на новинарката.

Во средата Трамп го критикува и „Њујорк тајмс“ за статијата што се фокусира на неговата возраст и на зголемените знаци на замор нарекувајќи го авторот на статијата „новинар од втор ред, кој е грд и однатре и однадвор“.