Истанбул ја доби титулата за најпосакуван европски град на доделувањето на наградите „Wanderlust Reader Travel Awards 2025“.
Градот ја освои златната награда на церемонијата одржана во Националната галерија во Лондон во среда.
Инаку, Истанбул ја освои сребрената награда во 2024 година.

„Магнетизмот на истокот и западот во Истанбул го донесе градот до златната награда“, соопшти ова списание.
Дополнително, се нагласува дека овој град ја комбинира историјата со модерноста, од силуетата на куполите и минарињата, до новата уметничка и гастрономска сцена.

Како што велат, преминувањето на Босфорот при зајдисонце, уживањето во оброците, посетата на цркви, џамии и галерии на модерна уметност се особено интересни.
Главниот уредник на „Wanderlust“, Џорџ Кипурос, изјави дека читателите го опишуваат овој град како град што секој пат ги изненадува.

„Енергијата на Истанбул е во тоа колку овој град живее меѓу световите. Истанбул има историја во своите камења и имагинација во својата иднина“, изјави тој.

Исто така, аеродромот во Истанбул неодамна беше прогласен за најдобар аеродром во светот на доделувањето на наградите „Readers' Choice Awards“ на „Conde Nast Traveller“ за 2025 година.

„Оваа златна награда за Истанбул ја потврдува неговата позиција како најатрактивен европски град, каде што средбата на континентите продолжува да привлекува и инспирира посетители од година во година“, изјави Турската агенција за промоција и развој на туризмот.

Од друга страна, сребрената награда за најпосакуван европски град ја освои Дубровник, додека Мадрид ја доби бронзената награда во истата категорија.










