Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
Пријавениот, на работно место инспектор за јавен ред и превенција во Полициско одделение Македонска Каменица при СВР Штип, на 27.08.2025 додека бил на работа, во кругот на Полициското одделение Македонска Каменица во старо метално буре кое се користело за фрлање на отпад, фрлил хартија од службени материјали, ги запалил и ги оставил да горат, по што огнот се проширил околу бурето, ја зафатил сувата трева и се приближил до објектот на Полициското одделение Македонска Каменица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.







