Поради лојалност кон Заев, Филипче го доведе СДСМ до распад, рече Манасиевски и објави дека поранешен градоначалник одбил позиција во партијата

Макфакс

13/11/2025

12:54

714

Големина на фонт

а а а

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека, според него, СДСМ се наоѓа во тотален распад поради лојалноста на Венко Филипче кон поранешниот премиер Зоран Заев, додека од партијата се дистанцираат поранешни функционери и членови.

Манасиевски оцени дека Филипче во СДСМ гледа само корист, а не партија што треба да понуди програма, визија или стратегија за иднината на државата. Според него, Филипче работи единствено по насоки на Заев, што, како што рече, се гледа и од однесувањето на негови поранешни блиски соработници кои, наводно, не сакаат да се вратат во партијата.

Тој посочи дека, според информација што ја добиле од „Бихаќка“, познат доктор и поранешен градоначалник, претходно близок соработник на Филипче, одбил позиција во партиското раководство со образложение дека Филипче е „нерелевантен и човек без кредибилитет“.

Манасиевски нагласи дека СДСМ има потреба од итни реформи, додавајќи дека, според него, Филипче, Заев и Димитар Ковачевски ја довеле партијата до тоа да биде трета сила на национално ниво, а петта во Скопје.