Андреј Ковачев инсистира да се објавуваат имињата на „Бугарите од Македонија“ – „Ги има 170-180 илјади“

Нетпрес

10/11/2025

17:12

1.272

Големина на фонт

а а а

Андреј Ковачев, бугарскиот европратеник од редовите на Европската народна партија, инсистирал на итно донесување измени и дополнувања на законот за бугарско државјанство, за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел. Тој бара итно да се формира и регистар за сите луѓе од Македонија што имаат бугарско државјанство или се во постапка на добивање. Такви има 170-180 илјади, а уште 15-20 илјади се во процедура, вели Ковачев.

Во моментов, законот за бугарско државјанство е нелогичен и не работи на легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија, рекол европратеникот Андреј Ковачев.


„Законот треба да се промени многу итно. Во моментов, законот е нелогичен. Законот за бугарско државјанство треба многу итно да се смени, а сега ќе ве замолам да го пренесете ова на сите членови на бугарскиот парламент и министерот за правда.”

Предлог-законот предвидува дека дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство ќе станат јавни и ќе се види дека самите се определиле како етнички Бугари. Тоа ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Република Северна Македонија, коишто имаат бугарски документи, рече Андреј Ковачев.


„Јавен регистар на министерството за правда со ограничено количество податоци за името и населеното место од каде што е лицето кое аплицирало за бугарско државјанство го добило. Ова е речиси 170-180 илјади во однос на Македонија, а во моментов веројатно има повеќе од 15-20 илјади кои се во обработка. Ти самиот си дошол доброволно и си рекол: „Еве, баба, дедо се Бугари. Тука се документи што покажуваат дека биле во Егзархијата, во војската, во бугарско училиште. Јас сум потпишал изјава дека се чувствувам како етнички Бугарин, и врз основа на тоа добивам бугарско државјанство“, порачува Ковачев.