[ВИДЕО] Вучиќ им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ: Загрижен сум за нивното здравје, се надевам дека ќе го прекинат штрајкот со глад

Макфакс

10/11/2025

13:10

621

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и на Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието.

„Разговарав на телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, изјави Вучиќ.

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе девет дена.

Во изјава за агенцијата „Фонет“, Хрка потврди дека не се чувствува добро и дека не е во состојба да коментира за повикот на претседателот. „Не можам да зборувам за тоа сега. Моментно лежам и не сум баш добро“, изјави таа.

Претходно, Хрка изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.