Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека „мешетари“ во СДСМ и дека има улога во можни промени во партијата.
Во објава на Фејсбук, Пендаровски напиша дека никогаш не се занимавал со политичко мешетарење, како што, според него, тоа го прават други чии кариери се „исполнети со заткулисни маневри и кафеанско озборување“.
Во врска со изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата "Во Центар" во која во негативен контекст го споменува...
Posted by Stevo Pendarovski on Monday, November 10, 2025
„Поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува поради ‘квалитетот’ на изворите со кои некои луѓе се дружат“, додаде Пендаровски.
Фрчкоски, пак, во емисијата на Ефтов, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“, изјави: „Ме чуди што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“.







