[ВИДЕО] Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Макфакс

10/11/2025

09:12

240

Големина на фонт

а а а

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени десетици патници, соопштија полицијата и словачкиот министер за внатрешни работи.

Јавувајќи се од местото на несреќата, министерот за внатрешни работи Шутај-Ешток рече дека десетици луѓе се полесно повредени, додека 11 се пренесени во болница. Нема смртни случаеви, додаде тој.

Несреќата се случила на коридорот помеѓу главниот град Братислава и Пезинок, 20 километри североисточно. „Според првичните информации, немало директен судир меѓу возовите, ниту пак возот излетал од шините“, соопшти полицијата на Фејсбук.

Новинскиот сајт Aktuality.sk цитираше патник кој го опишал судирот како гласен експлозивен звук. Ова е втора ваква несреќа во Словачка во изминатиот месец. Два воза се судрија на истокот од земјата на 13 октомври, при што беа повредени 91 лице.