[ВИДЕО/ФОТО] „Супорт Кочани“ собра и подели близу 11 милиони денари на 137 луѓе, државата наплатила 1 милион данок од помошта

Точка

09/11/2025

10:40

895

Големина на фонт

а а а

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба на средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари.

Во видео објавено на Фејсбук профилот на граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10.944.793 денари, еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 луѓе во износ од по 71.900 денари.

„Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди“, стои во објавата на „Супорт Кочани“.

Почитувани, преку овој графикон транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од...

Posted by Support Kocani on Saturday, November 8, 2025

Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година загинаа 63 лица, а над 200 лица беа повредени.