Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Макфакс

08/11/2025

17:16

575

Големина на фонт

а а а

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.

Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.

Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.

Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.

Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.