Интер има одлични резултати во Лигата на шампионите и со четири победи веќе обезбеди пласман во следната рунда, а легендарниот Ариго Саки смета дека сега Кристијан Киву и неговите фудбалери треба да се концентрираат на домашното првенство.
Поранешниот тренер исто така смета дека Интер има еден послаб елемент во играта и тренерот треба да реагира за да биде неутрализиран.
– Мислам дека Киву и неговите играчи веќе обезбедија место во следната рунда на ЛШ и сега треба да се концентрираат на домашното првенство.
– Не се работи за калкулирање и давање приоритет на одредени натпревари, туку едноставно користење на логика при ротацијата на фудбалерите.
– Сега мора да направат конкретен план ако сакаат да влезат свежи во клучниот дел од сезоната, кога се решава кој ќе ги освои трофеите.
– Не постојат многу тимови во Европа со напаѓачки ростер каков што има Интер и Киву прави одлична работа со нивното ротирање. Но, ако треба да бидеме најпедантни, има простор за напредок во дефанзивната фаза. Не зборувам за одбраната како посебен дел од екипата, туку целосната игра во одбрана во која се прават одредени грешки. Сепак, Киву беше одличен дефанзивец во својата кариера и сигурен сум дека ќе најде решение, – рекол Саки.







