Ливерпул се подготвува за дербито со Манчестер Сити, а менаџерот Арне Слот денеска зборувал пред новинарите и повторно морал да се наврати на лошата резултатска серија и најавата за излез од неа со последните две победи.
Актуелниот англиски шампион успеа да ги победи Астон Вила и Реал Мадрид, па се надева дека ќе стигне и до трета врзана победа во дуелот со Сити.
Истовремено, Слот зборувал и за дел од своите играчи, а посебно го испофалил Доминик Собослаи, кој со своите настапи ги импресионираше и фановите.
– Проблем е што сезонава не можев често да сметам на Собослаи, МекАлистер и Гравенберх во исто време, а причина најчесто се повредите. Добро е за тимот кога играчите почесто се заедно на теренот.
– Мора да го истакнам Собослаи кој игра одлична сезона, но последните два натпревара извлекоа повеќе од него и од целиот тим од за мене јасни причини. Тој има многу квалитети, но еден од нив е движењата без топка и тоа ми се допаѓа. На последните два натпревара се надмина себеси, – рекол Слот.







