[ВИДЕО] Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони

Макфакс

07/11/2025

09:03

1.050

Големина на фонт

а а а

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.

„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.

Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.