Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.
✔️ Од денес, градот Скопје е слободен, отворен и достапен за сите!
🏢 Во просториите на Град Скопје денес се изврши...
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Thursday, November 6, 2025
Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.







