Во свет каде често се очекува мажите да бидат силни и секогаш во контрола, забораваме дека вистинската сила е во храброста да се побара помош.
Ноември е месец на машкото задравје, па потсетуваме дека:
- Редовните прегледи спасуваат животи
- Грижата за себе не е знак на слабост, туку знак на зрелост
- Да зборувате за своето здравје е најмашката работа која можете да ја направите.
Мажите ретко зборуваат за своето здравје. Токму тоа може да биде пресудно.

Според истражувањата мажите многу поретко одат на лекар и ретко бараат помош дури и тогаш кога чувствуваат дека нешто не е во ред. Ова е главна причина зошто болести кои можеле навреме да се откријат, стануваат сериозен проблем.
Време е тоа да се промени. Време е секој маж да разбере – машки е да се побара помош, заради себе и заради своите најблиски.
Во стилот на Мовембер – месецот на машкото здравје, советуваме:
• Пуштете мустаќи! - тоа не е само тренд, туку симбол. Секој мустаќ симболизира дека машкото здравје не смее да биде табу
• Закажете преглед - направете основен лекарски преглед и направете специјалистички преглед на простатата
• Зборувајте за машкото здравје - отворениот разговор со пријател, партнер или со професионално лице е грижа за менталното здравје, затоа што ниеден товар не треба да го носите сами
• Вежбајте, јадете балансирано и најдете време за природа
Да се биде маж, значи да се биде свесен, одговорeн и подготвен да се побара помош кога е потребно.
Машки е да се побара и помош на пат!
Во знак на одбележување на месецот на машкото здравје - 30 % попуст за мажи:
- АМСМ Classic картичката сега ја добивате за 1.183ден и заштедувате 507 ден
- АМСМ Europe Premium картичката сега ја добивате за 2.513ден и заштедувате 1.077 ден

Со АМСМ картичката добивате:
- Бесплатна помош на пат во земјата или и каде било во Европа
- Бесплатно хотелско сместување во случај на посериозен дефект во странство
- Вклучено патничко осигурање за период од една година
- АМСМ Партнер пограма со попусти ексклузивно достапни со АМСМ членска картичка во повеќе од 250 внимателно избрани продажни места со кои добивате можност да заштедите повеќе од цената која ја плаќате за картичката.
Попустот можете да го искористите при купување на АМСМ картичка ОНЛАЈН тука, со внесување на промо-код: movember2025.
АМСМ картичките важат една година од датумот на издавање.
Акцијата трае до 30.11.2025 година.
Комерцијален текст











