Пирати се качиле на танкер под малтешко знаме во близина на брегот на Сомалија, соопшти компанијата за поморска безбедност „Амбреј“, пренесе Ал Арабија.
Според соопштението, пиратите се приближиле со глисер и отвориле оган врз танкерот, делувајќи од киднапиран ирански брод. Пловилото пловело од Индија кон Дурбан, Јужна Африка.
Британската агенција УКМТО во посебно соопштение објави дека непознати лица се качиле на друго пловило југоисточно од градот Ејла во Сомалија. Засега не е познато дали се работи за ист инцидент.







