„Герет Ван де Вен“: Стоперот на Тотенхем претрча 70 метри и постигна гол за паметење во ЛШ

Дерби

05/11/2025

11:28

177

Големина на фонт

а а а

Мики Ван де Вен веќе подолго време потсетува на Герет Бејл кога е брзината и агилноста во прашање, но изминатава вечер како никогаш досега потсети на најдобрите верзии на велшанецот во редовите на Тотенхем.

Стоперот од Холандија веќе неколку години важи за еден од најбрзите дефанзивци во Премиер лигата и воопшто во светот, нешто што синоќа го покажа и на највисока фудбалска сцена во Лигата на шампиони.

Тотенхем на домашен терен го победи Копенхаген со 4:0, но начинот на кој Мики погоди за 3:0 уште долго ќе се прераскажува во Северен Лондон.

Стоперот ја прими топката на работ на својот шеснаесетник, по што претрча 70 метри до противничкиот шеснаесетник пред да погоди во мрежата на противничкиот тим.

Импресивниот слалом на Ван де Вен буквално ги фрли во екстаза навивачите на Тотенхем, а без никаков сомнеж, ова беше потегот на вечерта во Лигата на шампиони.