[ФОТО] Малкумина знаат дека таа го носеше пред Џенифер Лопез: Манекенката по 26 години во култниот фустан поради кој настана опцијата „Google Images“

Точка

05/11/2025

08:14

819

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Амбер Валета се појави на доделувањето на „CFDA“ наградите во култниот зелен фустан на „Versace“, истиот оној што своевремено го „сруши“ интернетот, а кој таа првпат го облече во 1999 година.

Станува збор за фустан што често го нарекуваат и најпознат во светот, а токму овој моден момент ја прослави Џенифер Лопез во 2000 година. Зелениот фустан со длабоко деколте и високи изрези го дизајнираше Донатела Версаче.

Валета го надополнила изгледот со златни високи потпетици и впечатливи обетки, избирајќи шминка во природни тонови и кратка руса коса со патец на страна.


На свеченоста, таа ѝ ја врачи на Донатела Версаче наградата за позитивни промени, оддавајќи ѝ почит на италијанската дизајнерка за нејзиниот придонес во застапувањето на LGBTQ+ заедницата и континуираната поддршка на младите таленти.

„Овој фустан е пребаруван на ‘Google’ повеќе од кое било друго модно парче. Џенифер буквално го ‘сруши’ интернетот кога го облече, и навистина е прекрасно на некој начин да се биде дел од таа историја. Јас бев првата што го носеше“, изјави Валета претходно за „Vogue“.

На доделувањето на Греми наградите во 2000 година, Џенифер Лопез го носеше истиот овој фустан, кој со текот на годините доби култен статус. Тој беше толку впечатлив што, поради огромниот број пребарувања, „Google“ ја создаде опцијата „Google Images“ – пребарување преку фотографии.

Тоа стана најбараниот поим на „Google“ во тоа време, изјави поранешниот извршен директор на компанијата, Ерик Шмит. „‘Скандалозниот’ фустан на ‘Versace’ откри ‘дупка’ во понудата на пребарувачот, па алатката за пребарување по слики беше официјално лансирана во јули 2001 година“.