Што е заедничко за урбаните мажи во градов?

Точка

04/11/2025

10:41

986

Големина на фонт

а а а

Кога и да прошетате низ Скопје, насекаде по тротоарите, улиците и кафулињата можете да ги забележите оние средени, шармантни мажи кои на некој начин се и одлика на главниот град. Но, што е заедничко за сите овие урбани мажи и зошто тие го одбираат ваквото секојдневние?

Дефиницијата за „урбан маж“ постојано се менува, но сигурно можеме да најдеме неколку заеднички фактори кои еден маж го прават модерен, мудар и урбан – подготвен за современиот живот.

Модерниот маж се грижи за себе од секој аспект на неговото постоење. Тоа значи дека за него е важен изгледот, но и задоволството, желбата да се чувствува добро физички и психички, и да ги прави работите кои го прават исполнет и среќен. Колку често имаме можност да сретнеме возрасни, сериозни мажи кои изгледаат практично беспрекорно – тие посветуваат внимание на хигиената, секогаш имаат чиста и уредна облека, средена фризура и негувана брада, понекогаш имаат дури и стилски аксесоари како убав часовник. А така е затоа што тие се свесни дека никој не добива втора шанса за прв впечаток, а првиот впечаток е клучен за тоа како не’ доживуваат другите.

Но, хигиената и добриот изглед се само основата, бидејќи модерниот урбан маж има желба и волја да остане физички активен. Физичката активност го прави телото поцврсто и поиздржливо, ја одржува мускулатурата и ја подобрува циркулацијата, што е исклучително важно после 35-тата година. Редовните прошетки, возењето велосипед, посетувањето на базен или теретана треба да бидат составен дел од животот на секој возрасен и свесен маж, кој знае дека треба да води сметка за сопственото тело. На 16 ноември, најактивните скопски урбани мажи ќе ги сретнете на dm велосипедската трка под мотото „Пуштам БРК, БРКам здравје“ – настан што ги спојува спортот, дружбата и свеста за машкото здравје. Пријавете се и вие и бидете дел од заедничката мисија за подигнување на свеста и грижата за машкото здравје!


А дискусијата за здравјето на сопственото тело е само дел од дискусијата за целокупното здравје, како физичко или психичко. Затоа во месецот посветен на машкото здравје, треба да бидете свесни и одговорни према себе, но и према најблиските – и меѓусебно да се потсетите дека е време за проверка. Превентивните прегледи може да откријат проблеми кои не сме ни знаеле дека постојат, да ни дадат поголеми шанси за справување со нив, па дури и да ни го спасат животот. Мовембер нека ви биде мотивација за да го закажете оној годишен преглед кај уролог, кај кардиолог, па дури и онаа консултација со психолог, доколку сметате дека ви е потребна. Бидејќи грижата за себе е секогаш „во мода“.

Ниедна современа урбана приказна не е целосна без барем мала доза хедонизам и уживање. А урбаниот скопски маж дефинитивно знае каде и како да го пронајде изворот на уживањето. Него можете да го најдете онаму каде што храната е вкусна, каде што атмосферата е културна и опуштена, за целото искуство да биде соодветно на неговиот животен стил. Затоа, не бидете изненадени доколку ваквите урбани мажи ги сретнете каде што стилот и вкусната храна се сретнуваат на едно место.


Во месецот посветен на машкото здравје, глобално познат и како „Мовембер“, dm drogerie markt ги потсетува сите мажи, нивните блиски и нивните семејства да се погрижат за себе и за сопственото здравје. Сега е вистинското време да се направи оној повик, да се закаже оној преглед, да се преземе нешто околу предизвиците кои ги носи времето во кое живееме.