Во Белград синоќа беше напнато пред Собранието на Србија, каде граѓани се собраа за да ѝ изразат поддршка на Дијана Хрка, мајка на млад човек кој загина под надстрешницата во Нови Сад.
За ситуацијата да биде уште полоша, „чаци“ пуштале музика додека Хрка штрајкувала, а најморбидна била песната во која се пее „Pošla majka sina da potraži“.
Станува збор за нумера која го велича четничкиот водач Дража Михајловиќ, а најсрамното во тоа е што текстот на песната вели „Pošla majka sina da potraži“ и очигледно е дека била наменета за Дијана, која во тој момент се наоѓала во близина во шаторот.
Минувачите реагирале со повици да ја исклучат музиката и дека треба да им биде срам, но „журката“ во оваа населба на „студенти кои сакаат да учат“ сепак продолжила.
Majci koja više nema sina puštaju pesmu: pošla majka da potraži sina.
— Željko Veljković (@novinarupenziji) November 2, 2025
Neljudi. pic.twitter.com/xkPhkCdw2D
Дијана Хрка, чиј син Стефан Хрка загина под надстрешницата во Нови Сад, започна штрајк со глад на годишнината од трагедијата, 1 ноември, а вчера ѝ бил поставен шатор во Белград, во близина на Собранието на Србија и „Чациленд“.
Истовремено, се собраа голем број граѓани за да ѝ пружат поддршка во штрајкот, додека во позадина постојано се слушала гласна „шаторска“ музика.
За време на вечерта дошло и до низа инциденти помеѓу граѓаните и полицијата, поради провокациите кои доаѓале од „Чациленд“ и од други послушници на властa.
Кои се „чаци“?
Изразот „чаци“ се појави во последната година во Србија како потценувачки назив за група луѓе кои јавно се противат на блокадите на универзитетите и студентските протести и се смета дека се блиски до владејачката партија на претседателот Александар Вучиќ.
„Чаци“, односно групата која себеси се нарекува „студенти 2.0“ се наоѓа под шаторите во Пионерскиот парк во Белград, тврдејќи дека „само сакаат да учат“. Критичарите на режимот сметаат дека станува збор за група организирана од владејачката партија со цел да остави впечаток дека дел од студентите сè уште го поддржуваат претседателот Вучиќ.
                                














