Џо Кол беше дел од ѕвездениот тим на Жозе Мурињо кој почна да пишува своја историја во Челси, но на стартот на оваа авантура, Португалецот имал и свои карактеристични испади во соблекувалната после лоши резултати на неговиот тим.
Поранешниот англиски репрезентативец открива дека Португалецот бил посебно бурен по поразот на „Камп Ноу“ во воведниот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони, натпревар на кој „сините“ загубија со резултат 2:1.
– Мурињо влезе разгневен во соблекувалната и почна да вика: Вашиот прв сериозен испит како тим го упропастивте. Дојдовте на „Камп Ноу“ за да се криете, вие сте кукавици. Немате храброст, немате мадиња…….
– Се сеќавам дека ги уништи Петр Чех, Џон Тери и Френк Лампард, одеше кај секој играч поединечно и се задржуваше по 20 секунди. „Проклети идиоти, немате „топки“………. То го кажуваше со голема нервоза и со разочараност, во соблекувалната беше како во гробница, сите го чекавме својот ред.
– Сепак, кога дојде до мене и Демјен Даф, ни кажа дека сме одиграле добро и дека сме се жртвувале за тимот. Тука ми олесна, бидејќи претходно мислев дека останатите ќе мора да ме подигнуваат од земја, – открива Џо Кол во својата автобиографија.
После првиот пораз, Челси на реваншот славеше на домашен терен со 4:2 и успеа да се пласира во следната рунда во Лигата на шампиони.





