Трент Александер Арнолд санираше мускулна повреда која го оддалечи од терените, па иако е подготвен за настап, десниот бек не доби ниту една минута на натпреварот против Валенсија изминатиот викенд.
Англискиот репрезентативец зад себе остави период во кој се рехабилитираше од повреда на задната ложа, а иако Чаби Алонсо не може да смета на потешко повредениот Дани Каравахал, на средбата со „лилјаците“ предност доби Феде Валверде, кој се очекува да има предност и против Ливерпул.
Без разлика дали ќе игра, или не, Трент пред себе има специјален натпревар кој ќе му побуди многу емоции, бидејќи десниот бек ќе се врати на местото на кое ги мина претходните 20-тина години.
Младинецот на Ливерпул реши да не го продолжи договорот и да направи друг чекор во својата кариера, па сега останува да видиме како ќе биде пречекан од навивачите на клубот кои знаеја и жестоко да го исвиркаат на крајот на минатата сезона.
– Се ќе биде поразлично за мене при враќањето на „Енфилд“. Ќе влезам во гостинската соблекувална, ќе се загревам на противничката половина, но тоа е што е. И ова е дел од спортот. Кога дојде време за ждрепка во Лигата на шампиони, знаев дека ќе се случи ова, таква беше судбината. Знаев дека во еден момент ќе се вратам на „Енфилд“, ќе имам измешани емоции. Ќе биде многу тешко да се справам, но имам голема желба да дојде тој ден, – изјави Трент.
– Ако постигнам гол, нема да го славам од почит кон цела фан база и поради љубовта кон клубот. Што и да се случи на натпреварот, моите емоции кон Ливерпул никогаш нема да згаснат. Без разлика како ќе бидам пречекан, тоа нема да смени ништо. Сите знаеме дека фановите имаат право на своја реакција, – потенцира Арнолд пред утрешното дерби во Лигата на шампиони.





