Алегри направил клучна тактичка промена во дербито против Рома: Тие заслужија повеќе, но…

Дерби

03/11/2025

11:23

146

Големина на фонт

а а а

Масимилијано Алегри е доволно искусен и зрел за да признае кога некој тим игра подобар фудбал на теренот, но дури и во таква ситуација, неговиот Милан успеа да најде решение и да се избори за важна дерби победа против Рома.

По двете реми средби во низа, „росонерите“ оставрија важна победа на „Сан Сиро“ против Рома, и тоа во меч во кој изгледаа навистина лошо во првите 30-тина минути.

– Првите 35 минути беа навистина лоши и Рома заслужи да води и да има нешто повеќе. Правевме се поразлично од договореното, а причина за тоа беше и неверојатниот пресинг кој го правеше Рома во нашата половина.

– Не можевме да излеземе од нашиот дел, па затоа моравме да направиме и тактичка промена. Бартезаги кои играше на страна и Де Винтер се вратија уште поназад со цел да имаме повеќе играчи кои ќе ја градат играта. Откако поведовме со 1:0, бевме далеку постабилни во одбрана и имавме простор со четворица играчи во средина.

– Во второто полувреме излеговме на теренот со вистински став и имавме шанси да го зголемиме водството. Кога не го направивме тоа, знаевме дека Рома ќе се обиде да израмни, но со исклучок на пеналот, тие не создадоа друга стопроцентна шанса, – изјави Алегри.