[ВИДЕО] Украинците спасија камила што ја користеа Русите во офанзива

Макфакс

31/10/2025

08:09

454

Големина на фонт

а а а

Украинските сили спасија двогрба камила што ја користела руската армија за време на офанзивата во источна Украина. Според извештаите, војниците наишле на животното откако нападнале руска позиција, каде што го нашле како талка само. Снимките што се проширија на социјалните мрежи ја покажуваат камилата како следи бел пикап додека украинските војници работат на оштетен оклопен транспортер, објавува Телеграф.

Монголските камили потекнуваат од Централна Азија и се прилагодени да преживеат во сурови услови и да носат тешки товари. Ова не е прв пат камила да се види на украинското бојно поле – руски војник беше фотографиран како јава камила во февруари.

Покрај камили, руските војници користат и коњи и магариња во своите напади. Виктор Соболев, член на Комитетот за одбрана на Руската Дума, ја оправда таквата практика. „Ако на фронтовската линија се користат некои методи како што се магариња, коњи и слично, тоа е сосема нормално“, рече тој.

Во текот на летото, командантот на јуришната единица „Бура“ на руската 9-та бригада, која дејствува во клучниот регион Донецк, започна со обука на коњанички јуришни тимови.