Акцијата на нискотарифната авиокомпанија е актуелна и оваа година. Таа ви овозможува за околу 500 евра да летате колку пати сакате до 34 дестинации ширум Европа и Блискиот исток.
Една од најпопуларните европски буџетски авиокомпании повторно ja активираше својata програмa „All you can fly“, акција која им нуди на патниците неограничени летови цела година по фиксна цена од 499 евра.
Како што објави „Дејли мејл“, Визер соопшти дека по трет пат ja враќа многу побаруваната карта, која првпат беше претставена во 2024 година. За околу 500 евра, патниците можат да летаат колку пати сакаат до 34 дестинации низ Европа и Блискиот исток.
Меѓутоа, набавувањето на една од овие карти може да биде вистински предизвик, бидејќи ќе бидат достапни само 10.000.

Иако понудата звучи примамливо, таа доаѓа со неколку важни услови. За секој поединечен лет се наплаќа такса за резервација од 9,99 евра. Тоа технички значи дека патниците сè уште плаќаат за секое патување, иако по значително пониска цена. Покрај тоа, постои дополнителна наплата за багаж, бидејќи основната карта „All you can fly“ вклучува само мала торба која може да се стави под седиштето.

Дополнително ограничување важи за планирањето. Летовите не можат да се резервираат недели или месеци однапред. Сите резервации мора да се извршат во рок од 72 часа пред поаѓање, во зависност од достапноста на седиштата. Според податоците на Визер, просечниот корисник на картата лета девет пати годишно.

Туристичките стручњаци повикуваат на претпазливост, советувајќи ги купувачите да гледаат подалеку од рекламата за да проценат дали понудата навистина им одговара. Рори Боланд, уредник на списанието „Which? Travel“, објаснил дека таксите за багаж, таксите за резервација и изборот на седишта може