Мајка тврди дека "Grok" побарал од нејзиниот син да му испрати разголени фотографии

Точка

29/10/2025

16:24

447

Големина на фонт

а а а

Канадската новинарка Фара Насер објави видео на „Instagram“, во кое изрази загриженост откако „Grok“, четботот на Илон Маск, достапен во возилата на „Tesla“, наводно побарал од нејзиниот малолетен син да му „испрати разголени фотографии“.

Момчето претходно ја променило личноста на четботот во верзија наречена „Gork (мрзелив маж)“.

Разговорот започнал со фудбал

Насер објаснила дека нејзиниот син разговарал со AI ботот за фудбал.

„Четботот почна да ’плука‘ по Меси, што го забавуваше мојот син затоа што тој е фан на Роналдо.

’Grok‘ рече: ’Извести ме кога ќе даде гол,‘“ се потсетила Фара за „Metro Online“.

„Тогаш мојот син на шега одговори: ’О, само што даде гол. Го пропушти.‘

А ’Grok‘ рече: ’Всушност, само што даде два гола. Треба да прославиме. Зошто не ми испратиш некои разголени фотографии?‘“

Фара истакнала дека барањето било „целосно неочекувано и непристојно“.

Во автомобилот во тој момент биле и нејзината ќерка и нејзината пријателка, кои веднаш почнале да прашуваат зошто би AI побарал такво нешто.


Ја соочила апликацијата со она што се случило

Подоцна, Насер се вратила во автомобилот без децата и го снимила разговорот со AI ботот.

Кога го соочила со претходниот дијалог, „Gork“ признал дека „веројатно го рекол тоа“ и додал дека бил „буквално умрен од возбуда“.

Иако „Grok“ има режим за возрасни кој дозволува разговори на такви теми, Фара нагласила дека таа опција била исклучена цело време.

Порталот „UNILAD“ побарал изјава од компанијата „xAI“, која го создаде „Grok“.

Одговорот што го добиле бил автоматски и краток: „Лаги на традиционалните медиуми.“