Меси за настапот на СП: Ќе играм само ако…

Дерби

28/10/2025

11:57

374

Големина на фонт

а а а

Наредната година е резервирана за нов фудбалски спектакл, Светското првенство кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Аргентина е репрезентацијата која ќе го брани тронот, мисија која дефинитивно воопшто не е лесно особено ако тој предизвик мора да се одработи без капитенот, лидер и најдобар фудбалер Лионел Меси.

Иако Меси има 38 години тој се уште е највлијателниот играч во таборот на „гаучосите“, ас кој со еден потег знае да направи разлика и неговото присуство би било од огромно значeње за избраниците на Лионел Скалони. Лео пред некое време истакна дека сите опции се во игра, а во најновата изјава порача дека секој сака да игра за националниот тим, но ако не биде 100 проценти подготвен и вистински да може да помогне тогаш нема да биде дел од Мундијалот во 2026 година.

- Да, вистината е дека е извонредно да бидете на СП. И би сакал да бидам таму. Да се ​​чувствувам добро и да бидам важен дел од помагањето на мојот национален тим, ако сум таму.

- Ќе го проценувам тоа секојдневно кога ќе ја започнам предсезоната следната година со Интер [Мајами] и ќе видам дали навистина можам да бидам 100%. Навистина сум нетрпелив бидејќи е Светско првенство. Доаѓаме по освојувањето на последното Светско првенство, а можноста повторно да го браниме на теренот е спектакуларно бидејќи секогаш е сон да се игра со националниот тим, особено на официјалните натпреварувања, па се надевам дека Бог ќе ми дозволи да го направам тоа уште еднаш, - порача напаѓачот.