[ФОТО] Том Хенкс со емотивна објава ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга: „Оваа прекрасна жена денес слави роденден“

Точка

27/10/2025

17:09

600

Големина на фонт

а а а

Холивудската легенда Том Хенкс со емотивна порака на Инстаграм го одбележа 69-тиот роденден на својата сопруга Рита Вилсон на посебен начин со фотографија од одмор. Двојката, која има две деца, е во брак од 1988 година.

„Оваа прекрасна жена денес слави роденден“, напиша Том во описот покрај фотографијата од Вилсон како се смее откако се капе во морето.

„Нејзиниот сопруг ја обожава“, додал тој. „Среќен роденден, @ritawilson!“.


Том и Рита се во брак од 1988 година и имаат две деца: Честер (35), и Труман (29). Ѕвездата од „Форест Гамп“ има две деца, Колин (47), и Елизабет (43), со поранешната сопруга Саманта Луис.

Том и Рита првпат се запознале на снимањето на филмот „Bosom Buddies“ во 1981 година и веднаш станале пријатели. Подоцна почнале да се забавуваат и го имале своето деби на црвениот тепих како пар во 1986 година.

Зборувајќи за својот брак со Вилсон во интервју со Опра Винфри во 2001 година, Том рече: „Успехот на нашата врска беше прашање на време, зрелост и нашата подготвеност за интимност. Кога се оженив со Рита, си помислив: „Ова ќе бара некои промени од моја страна“. Нема да негирам дека провидението беше дел од нашето пронаоѓање еден со друг, но нашата врска не е магија – онака како што е прикажана во филмовите.“


Тој додал: „Во реалниот живот, нашата врска е конкретна како што сум јас тука. Бракот понекогаш е блиску до пекол, но двајцата знаеме дека без разлика на сè, ќе бидеме еден со друг – и ќе го надминеме тоа.“

Кога двојката ја прослави 37-годишнината од бракот оваа година во мај, Том сподели уште една фотографија од одморот со Рита.


„37 години во брак. Денес! Ве сакам, госпоѓо“, напишал тој во описот на сликата.

Парот не се двоуми јавно да ја искаже својата љубов, особено на социјалните мрежи. Така, Вилсон во 2023 година за 67. роденден на Хенкс напишала трогателна објава, нарекувајќи го својот најдобар пријател.

„Среќен роденден на овој човек кој е мој љубовник, мој најдобар пријател, моја фамилија, татко на моите деца“, порачала тогаш. „Тој е еден од најпаметните луѓе што ги познавам, ме насмевнува секој ден веќе 38 години, може да заспие било каде и било кога. Среќен, среќен роденден, љубов моја!“.


И Хенкс е подеднакво романтичен. Во мај оваа година, по повод 37-годишнината од бракот, објавил заедничка фотографија од одмор со едноставна, но моќна порака: „37 години брак. Денес! Те сакам, госпоѓо“.