На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за вториот круг од локалните избори

Макфакс

27/10/2025

12:24

125

Големина на фонт

а а а

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од локалните избори 2025 година.

Во согласност со Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна до 24 часот на 27 октомври 2025 година.

Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смее да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.