Атлантик Група: Значаен раст на продажбата, профитабилноста под притисок на високите цени на кафето и какаото

Точка

27/10/2025

15:01

210

Големина на фонт

а а а

Компанијата го зајакна својот фокус на луѓето и културата како основа за долгорочна одржливост, што придонесе до бројни награди и достигнувања во оваа област, како и до назначување на нов член во одборот одговорен за луѓето и културата.

Загреб, 27 октомври 2025 – Атлантик Група во првите 9 месеци од 2025 година оствари приходи од продажба во износ од 879,0 милиони евра, што претставува раст од 10,1% во споредба со истиот период минатата година. И покрај одличните продажни резултати, профитабилноста и понатаму е под голем притисок на исклучително високите трошоци од работењето, па добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) изнесува 88,2 милиони евра, што е пад од 9,3%, додека нето добивката се намали за 27,6% и изнесува 32,3 милиони евра.

„Атлантик Група во првите 9 месеци од 2025 година, продолжува да остварува раст на приходите во речиси сите деловни и дистрибуциски области на сите поважни пазари. И покрај одличните продажни резултати, профитабилноста останува под силен притисок, првенствено од рекордно високите цени на суровото кафе и растечките цени на какаото, како и од континуираните инвестиции во нашите вработени, што е во согласност со нашата долгорочна стратегија за развој и одговорно работење. Исто така, со назначувањето на Мојце Домитер за член на Управниот одбор на Атлантик Група, одговорна за човечки ресурси и култура, го зајакнуваме нашиот фокус на луѓето и културата како основа за долгорочна одржливост. Со силно портфолио, нови производи и зајакнато лидерство, продолжуваме стабилно и одговорно да го градиме понатамошниот раст“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Најголем придонес кон растот имаат Кафето, Деликатесните намази и Донат

Најзначаен раст од продажба од 29,7% има Стратешката деловна област (SPP) кафе, следи Донат со раст од 14,5% и Деликатесните намази со раст од 11,7%. Кафето, како најголема поединечна категорија, учествува со 25,8% во вкупните приходи. Во сегментот на дистрибуција, најголем раст е забележан во Стратешката дистрибутивна област (SDP) Србија со раст од 22,2% и Северна Македонија со раст од 14,4%, а значаен раст е остварен и на пазарот во Босна и Херцеговина и во Германија. Во вкупната продажба на Атлантик Група, сопствените брендови учествуваат со 64,5%, фармацевтското работење со 8,7%, додека принципалните брендови учествуваат со 26,8% во приходите.

Фокус на клучни категории

Месец јули го одбележаа два настани кои што ја следат основната стратешка насока на Атлантик Група, која подразбира фокус на клучните деловни категории. Атлантик Дрога Колинска поднесе Обврзувачка понуда за купување на Осем д.о.о., која беше прифатена од Продавачот (Мирослав Флисар), а продажбата ја одобри Словенечката агенција за конкуренција (AVK). Осем д.о.о. се занимава со производство и продажба на месни намази и преработени производи, а го поседува брендот Кекец со производствена локација во Мурска Собота, Словенија. Покрај тоа, Атлантик Група склучи договор за купопродажба според кој Марко Грос, како купувач, ја презема компанијата Монтана Плус д.о.о. со брендот Монтана, средствата на компанијата и сите вработени, а соработката со Атлантик продолжува во форма на комерцијално застапување во дистрибуцијата и продажбата на производи.

Достигнувања во областа на човечките ресурси и културата

Атлантик Група во првите девет месеци од 2025 година оствари голем број на достигнувања во областа на управувањето со човечките ресурси. Последното достигнување дојде од HR конференцијата на бизнис неделникот Лидер во соработка со групацијата SELECTIO, каде што Атлантик Група го доби сертификатот Above and Beyond, кој се доделува на компании кои континуирано поставуваат највисоки стандарди во оваа област.

Атлантик е исто така добитник на сертификатот Equal Pay Champion, што ја потврдува нејзината посветеност на обезбедување еднаква плата за еднаква работа, како и настојувањето за рамноправна застапеност на жените на менаџерски позиции, што во Атлантик е 53 проценти. На церемонијата на доделување награди организирана од MojPosao.ba, Атлантик беше прогласен и за еден од трите најдобри работодавачи во Босна и Херцеговина. Конечно, Трговската академија на Атлантик беше наградена со златна награда на овогодинешната конференција HR Days за исклучителни достигнувања во образовната програма во која учествуваат повеќе од 60 внатрешни инструктори и над 1.400 учесници, членови на продажната сила.

Комерцијален текст