Дел Пјеро го анализираше Јувентус: Тренерот не е проблемот…

Дерби

27/10/2025

11:19

194

Големина на фонт

а а а

Јувентус доживеа уште еден пораз во низа, овојпат од Лацио на „Олимпико“ во меч во кој одново не успеа да го матира противникот.

„Старата дама“ веќе четврти натпревар во серија не успеа да постигне гол, на почетокот на месецов одигра реми со Милан, потоа загуби од Комо со 2-0, Реал Мадрид со 1-0 и вчеравечер од лацијалите со резултат 1-0.

Со ова само се зголеми притисокот врз стратегот Игор Тудор и прашање е уште колку време ќе добие на клупата на „бјанконерите“, но според легендата на клубот Алесандро Дел Пјеро хрватскиот тренер не е проблемот на Јувентус.

- Не би рекол дека конфузија е вистинскиот збор. Тренерот не е проблемот, тоа е покомплицирано од тоа, а вклучува и како тимот се мачеше да се собере досега оваа сезона.

- Тимот беше жив и не заслужи да изгуби вечерва, можеби нерешено беше реален резултат. Не беа лоши ниту против Реал Мадрид, проблемот беше настапот против Комо. Во секој случај, не е дека со друг тренер овој тим ќе го освои Скудетото, - вели Алекс и додава:

- Тој сè уште нема прв избор на единаесетка, но тоа не е затоа што Тудор не сака да го најде, туку затоа што освен неколку поединци, другите се мачат да играат конзистентно. Ако ги погледнете најдобрите тимови во Италија и Европа, тие повеќе или помалку сите имаат редовна единаесетка која ќе ги започне големите натпревари, - заклучи Италијанецот.