На 29 октомври во Спортскиот центар Јане Сандански ќе се одржи ракометниот спектакл „Легендите на сцена“, кој на едно место ќе ги собере големите легенди од македонскиот и европскиот ракомет.
Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје ќе биде домаќин на вистинско ракометно уживање за сите генерации, на кое ќе се појават имиња и ликови кои дадоа огромен придонес и оставија траен белег во овој спорт.
На 29 октомври на теренот ќе истрчаат најголемите македонски ракометни легенди како Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.
Големиот спортски настан ќе започне од 19:00 часот, а сите кои се заинтересирани треба што побрзо да си набават карти преку продажната мрежа на ticketx, бидејќи ова со сигурност ќе биде спектакл за кој ќе се раскажува уште долго време.

Вечерта ќе биде збогатена и со учеството на гости од странство, кои се прославија со настапите за бројни европски гиганти, но и за клубови од Македонија. Помеѓу нив ќе бидат: Арпад Штербик, Жоан Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер и многу други култни имиња кои доаѓаат повторно во Скопје со цел да ја почувствуваат уште еднаш енергијата која ги водеше низ кариерата кога настапуваа за македонските клубови.
Селекторските „палки“ ќе бидат наменети за: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, а како официјални лица публиката ќе ги види судиските двојки: Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски – Славе Николов, Силвана Карбеска – Марија Илиева.
Овој спектакл во најава е во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“ кој одбележува цели 20 години постоење во македонскиот етер. На овој начин радиото сака да им се заблагодари на сите слушатели и љубители на спортот за долгогодишната поддршка и лојалноста.
Не го пропуштајте ова единствено ракометно уживање, резервирајте го вашето место со купување карта преку следниот линк: https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01.










