Самата завршница од најновото „Ел Класико“ дерби донесе тензија на клупата за резерви и на самиот терен, а тоа особено беше случај по последниот судиски свиреж на Сото Градо.
Неколку фудбалери на Реал Мадрид му се нафрлија на Ламин Јамал за провокативните и контроверзни изјави кои ги имаше во текот на неделата, но за разлика од искусните Дани Карвахал и Тибо Куртоа кои се тргнаа навреме, други тројца фудбалери на Реал заработиле жолти картони, а еден и црвен картон.
Судискиот записник на Сото Градо открива дека дури седум фудбалери биле казнети по последниот судиски свиреж, сето тоа како резултат на хаосот кој беше режиран на теренот.
Изненадувачки, Јамал не се нашол во бележникот на Сото Градо, но затоа таму се запишани Фермин Лопез, Балде и Феран Торес како фудбалери на Барса кои заработиле жолти картони.
Со поблага опомена и жолти картони минале и Винисиус, Родриго и Милитао, додека црвен картон заработил резервниот голман на Реал, Андреј Лунин.







