Синоќа околу 50 минути по полноќ, струшката полиција уапсила 17-годишно лице од селото Ташмаруништа, осомничено дека со нож тешко повредило 24-годишен маж од Вевчани.
Инцидентот се случил на улицата 15 корпус во Струга, по претходна расправија меѓу двајцата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот со нож го прободел М.П. (24), по што повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.







