Трамп: Блискиот Исток е безбеден и ќе остане таков долго време

Макфакс

26/10/2025

10:42

143

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на средбата со емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани, изјави дека сега „има безбеден Блиски Исток“ и дека ќе остане таков „долго време“.

За време на средбата во американскиот претседателски авион, кој се полнеше со гориво во Катар на пат кон Малезија, Трамп рече дека Ал Тани е „еден од големите владетели на светот, не само на Блискиот Исток“, објавува „Тајмс оф Израел“.
„Неговата земја го сака и го почитува. Не знам што е поважно, да бидеш сакан или да бидеш почитуван? Дали имате преференција? Бидејќи ги имате и двете, вие сте еден од ретките“, рече Трамп.
Трамп му рече на катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим ал-Тани, кој присуствуваше на состанокот, дека е негов пријател „и пријател на светот“.
Американскиот претседател рече дека тој и двајцата катарски лидери направиле многу заедно, „особено во последната година“.
„Мир на Блискиот Исток, и тие беа многу голем фактор во тоа. Ви благодариме, и имате безбеден Блиски Исток во моментов, и ќе го задржите така долго време“, додаде Трамп.