Бекам ја одбележа најважната вест за Меси со вирална порака

Дерби

24/10/2025

12:53

243

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам одигра клучна улога во преговорите со Лионел Меси пред две години, а откако Аргентинецот се одлучи за чекор кој малку кој го очекуваше, сега станува се поверојатно дека Аргентинецот навистина ужива во Америка и дека ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами.

Аргентинскиот маестро вчера стави потпис на нов тригодишен договор со Интер Мајами и се обврза да го носи розевиот дрес уште три години, одлука која предизвика голема сатисфакција и кај еден од косопствениците на клубот.

Бекам ја одбележа најважната вест за клубот со објава на социјалните мрежи, а истата доби безброј реакции и коментари.

– Кога го започнавме ова патување, нашата визија беше да гo донесеме најдобриот играч во Мајами. Во 2023 година, го донесовме најдобриот играч што некогаш играл фудбал во нашиот град. Денес, многу сум среќен што тој е сè уште посветен како и секогаш и сè уште сака да го носи розевиот дрес на Мајами и да игра во нашиот тим.

– Како сопственик, да имам играч кој ја сака играта како што ја сака тој, и кој направил толку многу за играта во оваа земја во која служи како инспириција за следната генерација млади таленти, ме прави да се чувствувам многу среќно. Ти благодарам Лео, на здравје за иднината, – порача Бекам.