Тријат раце во Реал, Интер нуди 60 милиони за Нико Паз

Макфакс

24/10/2025

14:23

470

Големина на фонт

а а а

Нико Паз е еден од најдобрите играчи во Серија А и оваа сезона. Младиот фудбалер е продукт на младинската школа на Реал Мадрид, наредното лето ќе се пресели во поголем клуб од Комо. Според италијанските медиуми, Интер подготвил конкретна понуда.

Актуелниот вице-првак на Италија и Европа, Интер има подготвено 60 милиони евра за 21-годишниот фудбалер на Комо.

Сума која на најпознатото италијанско езеро веднаш би ја прифатиле, но работите околу трансферот се сложени.

Нико Паз од Реал за шест милиони евра, пред две сезони се пресели во Комо. Тогаш, Реал вметна клаузула во неговиот договор дека може да го врати во Мадрид за девет милиони евра.

Сигурно е дека Флорентино Перез ќе го искористи тој попуст, а потоа веројатно ќе го препродаде талентираниот Аргентинец.

На позицијата на која игра Паз, конкуренцијата во Реал е голема. Тука се Џуд Белингам, Арда Гулер, Франко Мастантуно.

Нико Паз има двојно државјанство, но иако е роден во Шпанија, реши да игра за Аргентина, од каде што потекнува.

Тој одигра шест натпревари за Аргентина од своето деби во октомври минатата година.