Хари Мегваер по којзнае кој пат се претвори за јунак на Манчестер Јунајтед во тешки моменти, а овојпат донесе и голема дерби победа, прва на „Енфилд Роуд“ за „ѓаволите“ по пауза од десет години.
Стоперот на Јунајтед погоди за победа на гостувањето кај лутиот ривал и донесе победа за Јунајтед со резултат 1:2, па иако доби безброј честитки од фановите и поранешни легенди на клубот, посебно до израз на социјалните мрежи доаѓа и онаа од противничкиот табор.
Дејан Ловрен како поранешен дефанзивец на Ливерпул покажа класа со својот коментар на социјалните мрежи, кој го напиша во објавата на Фабрицио Романо за клучниот потег на Хари.
Некогашниот стопер на „црвените“ е воодушевен од отпорноста која ја презентираше Хари на највисоко фудбалско ниво, бидејќи успеа да се справи со целиот притисок и низата исмејувањата кои беа составен дел од неговата кариера на „Олд Трафорд“.
– Хари Мегваер го заслужува ова 100 проценти. Многу играчи не би се вратиле после она низ кое помина. Како навивач на Ливерпул, големо браво за Хари, – порача Ловрен.
Former Liverpool defender Dejan Lovren has praised Harry Maguire's resilience 🤝 pic.twitter.com/SvSMK8KYHP
— Football on TNT Sports (@footballontnt) October 23, 2025







