Рафаел Бенитез е без работа од 12-ти март 2024-та година кога заработи отказ од Селта Виго, а после 18 месеци надвор од тренерската работа, искусниот стручњак е подготвен за враќање на редовните обврски.
Трофејниот менаџер кој остави своја трага во Валенсија и Ливерпул водеше многу клубови во својата досегашна кариера, но како што стојат работите, се е договорено за да го предводи и 17-от тим како прв шеф на еден стручен штаб.
Како што јавуваат угледните медиуми од Грција, Рафа Бенитез ќе наскоро ќе биде претставен како нов тренер на Панатинаикос, клуб кој му овозможил идеални услови за потпишување на двегодишен договор.
Оваа информација ја потврдува и познатиот „Де Телеграф“ од Холандија, медиум кој исто така додава дека Рафа ќе стана најплатен тренер во историјата на грчкиот фудбал.
Од двегодишниот договор, Бенитез ќе инкасира речиси 8 милиони евра, што значи дека се изборил за годишна плата од 4 милиони евра од грчкиот великан.







