Унгарија нема да постапува по наредбата на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во случај на евентуално апсење на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Будимпешта, објави министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, пренесува Ројтерс.
Изјавата на шефот на унгарската дипломатија дојде откако полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, изјави дека Варшава „не може да ја гарантира безбедноста“ на летот на рускиот претседател доколку неговиот авион прелета над полска територија – дури беше наговестена и можноста за принудно слетување по наредба на МКС.
„Сикорски се осврнува на „независниот“ суд кој, по наредба на тогашниот шеф на Европскиот совет, Доналд Туск, одби да го екстрадира човекот осомничен за терористичкиот напад во кој беше разнесен Северен тек 2. Тој случај многу зборува за тоа колку се објективни и непристрасни оние што денес му се закануваат на Путин“, рече Сијарто.
Тој истакна дека Унгарија нема да дозволи ниту една меѓународна институција да ги диктира нејзините одлуки во врска со суверенитетот и односите со други земји.