Вучиќ: Терористички чин пред српскиот парламент

Макфакс

22/10/2025

12:47

357

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Палатата на Србија изјави дека пред српскиот парламент се случил терористички чин.

„Јас сум првиот што зборува и се извинувам што ќе морам да го напуштам овој прекрасен состанок. Причината е терористичкиот чин што се случи пред српскиот парламент, па ќе морам да се занимавам со други работи“, рече претседателот на Србија на состанокот по повод потпишувањето на договор од 4.000 за распределба на средства за купување селска куќа, јавуваат српските медиуми.

Претходно денес, пожар избувна пред српскиот парламент кратко по 10 часот наутро, а пред тоа се слушнаа истрели. Во меѓувреме, едно лице е уапсено.