[ФОТО] Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Макфакс

22/10/2025

13:48

1.469

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на неговиот престој во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.

„Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание“, информира Мицкоски.

Како што додаде, оваа средба е признание и почит, но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.

Во рамките на Берлинскиот процес што го организира премиерот Кир Стармер, Мицкоски остварува повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото кралство.

Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III.

Средбата беше...

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, October 22, 2025