Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е тој и 18-годишник од Богданци

Макфакс

22/10/2025

11:54

170

Големина на фонт

а а а

Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.

Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти.

Подоцна, пред Богданци, возилото е запрено и лицата се лишени од слобода. Во службен разговоро тие го признале делото и изјавиле дека превезувале осум лица мигранти, од кои шест од Египет и двајца од Сирија. По преземени мерки и мигрантите се пронајдени и спроведени во прифатно –транзитен центар во Гевгелија, додека лицата се задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.