Објавена аудио-снимка од Лувр: Спречена поголема кражба на накит

Макфакс

22/10/2025

11:06

803

Големина на фонт

а а а

Францускиот канал БФМ ТВ утрово објави аудио-снимка што открива дека брзата реакција на обезбедувањето и полицијата во Лувр спречила голема кражба во галеријата „Аполон“.

Според изјавата на директорката на службата за прием и надзор во музејот, Доминик Бифен, благодарение на присуството и интервенцијата на неколку агенти, крадците биле принудени да побегнат и не успеале да ја запалат платформата што требало да ја користат за транспорт.

Таа истакнала дека на тој начин било спречено уништување на докази, а во бегството крадците ја оставиле круната на царицата Евгенија.

Инцидентот се случил во неделата, а четворица крадци за 3 минути и 58 секунди украле дел од кралските накити од една од најценетите галерии на музејот.