Николоски, Кочоска Димитриеска и Муцунски во Лондон: Македонија е на пат да реализира инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот, патниот транспорт и здравството

Макфакс

21/10/2025

16:25

156

Големина на фонт

а а а

Стабилни економски и политички односи, високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија и силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата. Ова беше констатирано на средбата помеѓу потпретседателот на Владата и минстер за транспорт Александар Николоски и државниот министер во Одделот за бизнис и трговија во Владата на Обединетето Кралство, Сер Крис Брајан, која денеска се одржа во Лондон.

Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка, истакна на средбата потпретседателот Николоски.

Како што е истакнато, токму инвестициите и пренесување на нови искуства и знаења кои произлегуваат во Договорот за соработка, ќе ги доближат двете земји до воспоставување на стратешки партнерства и реализација на регионални инфраструктурни проекти.

Ваквата соработка е ново поглавје за стратешкото инвестициско партнерство меѓу Македоннија и Велика Британија, потенцираше вицепремиерот Николоски. Тој ги потврди силните заложби и активности што ги презема Владата за економски развој на државата како и за регионалното поврзување и соработка.

Обединетото Кралство, како што е соопштено, е силен подржувач на земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија и како резултат на таквата соработка, инвестициите од Обединетото Кралство имаат силен импакт во растот на македонската економија, исткана потпретседателот Николоски.

На средбата се разговараше за новите текови во економските односи меѓу двете земји со посебен фокус на проектите кои ќе се реализираат согласно Договорот за соработка како и подршката што ќе ја овозможи Велика Британија во реализација на истите.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан- Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

Владината делегација денеска и во текот на утрешниот ден ќе оствари повеќе економски и политички средби со високи владини преставници на Обединтетото Кралство.