Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Макфакс

21/10/2025

20:23

549

Големина на фонт

а а а

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница.

Според информациите за „Макфакс“, приведени се повеќе лица кои раководеле со болницата.

Од Основното јавно обвинителство, попладнево, соопштија дека Финансиската полиција постапува по нивна наредба.

„Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница. Акцијата е во тек“ соопштија од Обвинителството.

Повеќе детали ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.