Калас: Не е добро што воен злосторник доаѓа во Будимпешта

Макфакс

20/10/2025

12:26

260

Големина на фонт

а а а

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека не е добро што во Будимпешта доаѓа лице обвинето за воени злосторства, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Калас го коментираше најавениот состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, додавајќи дека би сакала да го види украинскиот претседател Зеленски како се среќава со Путин, затоа што тие треба да се договорат.

Таа нагласи дека, доколку Америка може да изврши притисок врз Русија за да седне на преговарачка маса, тоа би било позитивно, но истовремено оцени дека присуството на Путин во земја од ЕУ е шамар во лице, бидејќи против него има издаден налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд.